Ние не сме нормална држава, работиме во ненормални услови, сето тоа беше како резултат, во февруари да се оди кон предвремено распуштање што го немало никогаш во практиката, па кога не пројде тоа, се пријде на опција на друг термин, вели за А1он поранешниот Уставен судија, Трендафил Ивановски.
Според него, спорен е моментот на распуштањето и распишувањето на изборите, со чинот на распуштањето сите пратеници и претседатели и потпретседатели не можат да вршат функција на пратеници, бидејќи е донесен таков акт.
– Тоа го немало никогаш во практика, никој не гледа како Уставот барал, и дали некој го прекршил уставот, претседателот на собранието не го прекршува уставот првпат, спротивно на уставот и мене ме разрешија од Уставен судија, вели Ивановски.
Тој смета дека кај нас присилената демократија поаѓа од тоа дека изгласува мнозинството без разлика на тоа како е избрано мнозинството, а со тоа што имаат, мислат дека можат што сакаат да работат, дури и во крајна линија.
– Уставот постои, за жал не се почитува, уставниот суд требаше да ја штити уставноста, тој не само што не ја штити, тој ја руши уставноста. За жал, дојдено е до општество на хаосот каде што му нема крај на разумот, на силата, сето ова што не треба да биде присутно, на тоа му има крај, вели Ивановски.
Според него, со консултации на граѓаните, на политичките партии и организациите може да се помести датумот на изборите.
Александар Тодески