(ВИДЕО) Ивановски: Иницијативите за било какви комисии се бегање од одговорност

Од:

На протестот на опозицијата на кој блокираат три крстосници во Скопје се обрати координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски.

На сите им е јасно и во Македонија и надвор од неа дека на 24 декември, на црниот понеделник беше прегазен и уставот и законот за собрание и деловникот, дека пратениците беа насилно исфрлени од собранието.

Оттаму, рече, било какви иницијативи за надворешни, домашни, било какви комисии за дополнително утврдување на фактите не претставуваат ништо друго освен бегање од одговорноста на оние кои што ги наредија и спроведоа настаните од црниот понеделник.

Опозицијата денеска ќе поднесе кривична против Вељаноски

Сакаме да потенцираме дека е недозволиво и срамно секогаш кога политичките претставници на ВМРО-ДПМНЕ, врхушката, таа мала група кога ќе се соочи со народот и сопствената одговорност за неуставното и незаконско работење ќе се крие зад институциите. Ниту Гордана Јанкулоска е МВР, ниту таа е 12.000 полицајци. Таа е само дел од политичкото и партиско тело-врхушка која ја киднапира и ја злоупотребува полицијата во партиски цели. И Вељаноски не е Македонија ниту институција Собрание. Тој е само еден од пратениците кој најмногу ја покази парламентарната демократија. Затоа мора да се соочат со политичката и законска одговорност – рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски