(ВИДЕО) Ивановска: Новата антикорупциска комисија ќе се справува со притисоците

Од:

Корупцијата е тешка болест која го попречува вледеењето на правото и ги урива моралните корени на општество, а е се поприсутна, додека граѓаните во отсуство на систем на вредности ја толерираат како начин за оставрување на своите цели, порача новата претседателка на антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа по давањето на свечената заклетва во Собранието порача дека новата комисија ќе работи транспарентно , совесно и одговорно, а прв тест ќе бидат претседателските избори.

-Чувствував лична, граѓанска, професионална и морална одговорност да се пријавам на конкурсот и сметам дека комисијата составена од професионалци ќе застане на браникот на јавниот интерес и дека работејќи транспарентно со целокупната јавност ќе создаде моќна антикорупциска сила, зашто сметам дека најголемите антикорупцинери се граѓаните кои се слободни и со висока свест, порача Ивановска.

Меѓу новоизбраните членови на ДКСК е и Нури Бајрами, баџанак на собранискиот спикер, Талат Џафери. Бајрами изјави дека нема ништо спорно во неговиот избор и вели дека нема да потклекне под никакви притисоци и според него ваквата релација со претседателот на Собранието, нема да бидe пречка во понатамошната работа.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?