(ВИДЕО) Иванова: Враќањето во парламент и дава легитимитет на оваа власт

Од:

И оваа вечер незадоволните граѓани од власта во Битало го одржаа протесниот марш, а на Граѓанскиот парламент збор зеде пратеничката Цветанка Иванова.

„Господине Груевски ако досега се држеше на власт со пари и со заплашување, овој народ веќе не се плаши затоа што нема што да изгуби, веќе може само голиот живот да го брани, а мора да се брани од тебе, од вас и од онаа група којашто се нарекувате власт. Почитувани битолчани сакам самоедно да ви кажам дека пратениците од опозицијата после она што се случи на 24-ти декември во ниту еден случај не размислуваат да се вратат назад во парламентот, затоа што враќањето назад во парламентот значи давање повторно легитимитет на оваа ненародна власт и затоа оправдано е нашето барање парламентарни избори и локални избори заедно, создавање еднакви услови за старт на сите политички партии во изборната трка затоа што ниту една опозиција не може да се спротистави на држава, затоа што партијата е веќе изедначена со држава“, рече таа.

Република Македонија, рече, веќе е ВМРО-ДПМНЕ затоа што ниту една институција, а сега веќе и Собранието на Република Македонија не припаѓа на граѓаните на Република Македонија туку припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Ако е така ако веќе институциите ги нема, ако веќе институциите се само за нив граѓаните ќе си ги земат институциите во свои раце или со предвремени парламентарни заедно со локални избори, со фер услови за битка или на било кој начин државата мора да си се врати на вистинскиот пат.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани