(ВИДЕО) Иванова: Мицкоски бил еден од советниците на Груевски кои ја чинеле државата 1,7 милиони евра

Од:

„Христијан Мицкоски бил дел од огромниот број од 91 советник на поранешниот премиер Никола Груевски. Ангажманот на Мицкоски и останатите 90 советници на Груевски годишно ја чинеле државата односно граѓаните над 1,7 милиони евра.

Бидејќи Мицкоски бил советник за енергетика треба да одговори што го советувал Никола Груевски.

Дали Мицкоски го советувал за одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на дневната евтина тарифа на струјата, што резултираше со повисоки сметки за граѓаните?“, праша Михаела Иванова од СДММ.

„Дали го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси?

Притоа имајќи предвид дека Македонија во тој период доби најниска оценка, единица, од Енергетската заедница.

Јавноста треба да знае за улогата на Христијан Мицкоски во креирањето и спроведувањето на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кои нанесоа огромна штета врз интересите на граѓаните и државата“, изјави Михаела Иванова, СДММ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски