(ВИДЕО) Иванова: Мицкоски да не се крие зад однапред снимени изјави туку да одговори што го советувал Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски повторно се крие од јавноста и не дава одговори за тоа што го советувал поранешниот премиер и негов претходник Никола Груевски.

Мицкоски бил еден од вкупно 91 советник на Никола Груевски коишто ги чинеле граѓаните на Република Македонија над 1.7 милиони евра.

За време на криминалното владеење на Никола Груевски се донесоа и реализираа многу погрешни одлуки коишто нанесоа штета на граѓаните и на државата“, изјави Михаела Иванова, СДММ.

„Мицкоски треба да одговори дали го советувал Груевски десеткратно да се зголеми цената на струјата, колку што порасна цената на електричната енергија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси?

Дали токму поради таквото советување на Мицкоски, Македонија доби две тужби и беше оценета со единица од Енергетската заедница?

Мицкоски да не се затскрива зад однаред снимени прес конференции туку јавно да излезе пред граѓаните и да даде одговори за неговата улога во креирањето и спроведувањето на погубните политики на неговиот претходник Никола Груевски“, рече Михаела Иванова, СДММ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата