ВИДЕО: Итно оставки и одговорност на целата Влада

Од:

Граѓаните излегоа во близина на Владата побараа трезвено делување во периодот во кој следи и да испратат порака за мир и правда. Тие порачаа дека граѓанското нездоволство нема да запре.

„Не чувствуваме страв, само гадење од оваа авторитарна власт и нивните мрачни сценарија. Ние бараме:

Итно оставки и одговорност на целата Влада

Итно ослободување на сите активисти од 5. мај наваму

Влада за демократизација на институциите

На 5. мај стана јасно дека тие нема да дадат оставки, јавното обвинителство нема да ги гони, а јавниот сервис ќе остане на нивна страна. Кога граѓанските протести земаа замав, во Куманово се случи воружениот инцидент, граѓаните зборуваат за недоследности, манипулации и контрадикторности и постои голем сомнеж за природата на настаните во Куманово. Бараме многу одговори поради загубите на животи“, порачаа активистите.

Тие повикаа сите да се приклучат на масовните протести кои ќе бидат мирни, надетнички, надпартиски, на движењето за правда и мир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите