ВИДЕО: Истражувањата во општествените науки се’ повеќе се маргинализираат

Од:

Создавањето рамка за дијалог е една од клучните цели за унапредувањето на политиките со истражувањата во општествените науки во Македонија. Ова беше една од препораките презентирани на денешната завршна конференција за „Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општесвените науки во РМ“ кои се претставени во истоимената публикација која се состои од постојаните состојби, предизвици и препораки за унапредувањето на политиките.

На конференцијата поздравно се обрати Катерина Штокер, заменик директорка за соработка во Швајцарската амбасада која е и финансиски поддржувач на програмата која ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

„Оваа програма иницираше проекти за унапредување на националниот политички дијалог во сите земји. Целта на оваа програма е да влијае на систематски промени и да вклучи голем број релевантни засегнати страни, како што се министерства, ректори и други засегнати страни“, рече Штокер.

Славица Инџевска која е програмски директор на РППИ програмата во ФООМ, рече дека иако истражувањата во општествените науки се’ повеќе се маргинализираат, сепак се очекува оваа ситуација да се промени.

„Истражувањата во општествените науки се повеќе се маргинализираат. Тоа не е тренд само во Македонија, но сметаме дека е погубно заради динамиката на општествените промени. Очекуваме дека со овие активности и со други застапувачки активности, ситуацијата во општествените науки во Македонија ќе се промени и општествените процеси ќе бидат дел од вниманието од институциите во овој систем“, рече Инџевска.

Направените истражувачки анализи покажаа дека за да се зголеми важноста на истражувачките стиудии во општествените науки мора да се развие рамка за понатамошните истражувања, кои понатаму ќе можат да ја подобрат потребата на истражувачките резултати во донесувањето одлуки и креирање на политики, посочи Вели Креци, од Факултетот за јавна администрација и политички науки на УЈИЕ, Тетово.

Иако во програмата стоеше и поздравно обраќање од претставник на Министерството за образование, на конференцијата не присуствуваше никој.

Публикацијата која е составена од два дела, најпрво ги претставува документите за креирање на јавните политики подготвени од седум млади истражувачи на четири различни теми, а понатаму се претставени ставовите на членовите на тимот за унапредување на политиките. Сите документи кои се презентирани се резултат на применети истражувања во 2012 година, а препораките кои се презентирани претставуваат реален придонес за подобрувањето на статусот на младите истражувачи како и нивното унапредување и поддршка.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска