ВИДЕО: Исмаил побара министерството да ја одземе интегративната дозвола на ТИТАН УСЈЕ

Од:

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од Левица Реџеп Исмаил, повикувајќи се на податоци од меѓународни организации, сподели застрашувачки податоци за зголемување на смртноста поради загаден воздух.

„Според податоци на УНИЦЕФ (коишто за жал датираат од 2018 Г.) дури едно од девет новороденчиња умираат поради загадениот воздух. Според новите истражувања на меѓународни организации, дури пет илјади и петстотини предвремени смртни случаи, има секоја година, токму поради аерозагадувањето во Скопје.“

Во продолжение пратеникот истакна дека и покрај зголемувањето на бројот на смртните случаи и респираторните заболувања од година во година, Македонија увезува отпад за којшто нема капацитет да го контролира или обработи.

„Македонија увезува многу, многу повеќе отпад од она што самата го генерира. На пример, ЕУ обработува само триесет проценти од отпадот којшто го генерира. Другите седумдесет проценти од генерираниот отпад во ЕУ се извезува во трети земји.“

Потсетувајќи дека државата нема капацитети ниту да го контролира ниту да го обработува увезениот отпад и земајќи ја во предвид кривичната пријава на Град Скопје за работата на ТИТАН УСЈЕ, која три години е заклучена во фиока, Исмаил го праша Министерот за животна средина дали барем времено ќе ја одземе интегрираната дозвола за работа на ТИТАН УСЈЕ, барем додека не биде завршена постапката.

„Град Скопје пред три години има поднесено кривична пријава во врска со работењето на Усје и по истата нема никаков исход. Не ли мислите дека крајно време е (земајќи во предвид дека има кривична пријава која три години стои во фиока) да ја одземате оваа интегративна дозвола на ТИТАН УСЈЕ барем привремено, додека не се реши исходот од оваа кривична пријава?“

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%