(ВИДЕО) Исклучени од парно: И регулаторна комисија исто како ДИК си делела високи бонуси

Од:

Не се само членовите на ДИК кои си делеле бонуси, истото го правеле и членовите на регулаторната комсија за енергетика, обвинија граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење на денешниот 144-ти по ред протест по ред. Маријан Ненов од граѓанското здружение „Но пасаран“ ги повика надлежните институции да проверат како членовите на регулаторната комисија за енергетика покрај високи плати си делеле и разни надоместоци и награди.

„Бараме да се испита како може да имаатплати од 2000 до 3000 евра? Потоа да се провери како се делеле бонуси, награди и како се договарале кој да оди на скапи службени патувања, со скапи авиони. Згора на тоа имале и службени картички со огромни суми. Зошто им се овие картички и за кои цели се трошеле парите? Добивале надоместоци и за транспорт, иако имаат и шофери и станови тука во Скопје“, рече Ненов од „Но пасаран“.

Би можело да ве интересира

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Регулаторна комисија: Компаниите да се воздржат од исклучување на граѓаните од системите за снабдување со електрична, топлинска енергија и вода

А1он

РКЕ, БЕГ и „Но пасаран“ заедно ќе работат на новите правила за снабдување со топлинска енергија

Наум Локоски

ВИДЕО: Кога ќе се укине монополот ќе се приклучиме повторно, порачаа исклучените од парно греење

Наум Локоски