ВИДЕО: Инспекторите напаѓаат на Клинички, лекарите порачуваат – Нема да не скршите

Од:

Инвазија на инспектори на Хируршки клиники, пуштени од министерот за здравство бараат пацинети кои би ги искористиле против лекарите штрајкувачи. Штрајкот продолжи, а неколку лекари беа задржани од инспекторите на разговор, на кој се интересираа за интните случаи. Обезбедувањето на Хирургија не дозволи да се снимаат инспекторите.

Од синдикатот на Кличинички го осудија чекорот на министерот како насилнички со што сака вештачки да произведе ситуација во која наводно не била „пружена лекарска помош“, за некој да биде отпуштен и тоа да биде поука за сите лекари. Тие велат дека е ова „брутална монтажа“ која само ќе ги влоши односите и целата ситуација, но нема да го скрши штрајкот.Не потребен е чекорот според нив, зашто и досега од директорите на Клиниките било напишано на сите страни, доколку пацинетите имаат примедби, да се јават кај нив.

Од Синдикатот најавија дека доколку биде чепнат само еден лекар, следуваат оставки кои се ковертирани, на клиниката воопшто нема да одат и да работат и се селат пред влада.

Според лекарите, и покрај штрајкот во последниве 20 дена нема ниту еден пропуст на цела територија на Македонија, а на Гинекологија има повеќе породувања отколку на целата територија.

Лекарите предупредија повторно Министерството да не се труди да вметне политиката во штрајкот, со што сака на вешт начин да изманипулира со граѓаните дека тие имаат лош однос кон пацинетите. Тие повикаа и политичките партии без разлика од која опција се, да не наседнуваат на играта на министерот и да не ги користат леакрите за нивни поени и да не ги бранат, зашто тоа можат самите да го направат.

Еден од тие што биле повикани од инспекторите бил и васкуларниот хирург Никола Граматниковски со кого разговарале, а биле дури испрашувани и итни пацинети.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти