(ВИДЕО) Инџевска: ФООМ не креира кризи, протести и уривање на влади во Македонија, „СОС“ манипулира со јавноста

Од:

Фондацијата Отворено општество – Македонија никогаш не работела на остварување политички цели од интерес на било која политичка партија, ниту пак е посветена на креирање кризи и протести за уривање влади во Македонија. Напротив, од основањето во 1992 година до денес, цели 25 години фондацијата е посветена на напредокот на Македонија и нејзините граѓани, рече Славица Инџевска од ФООМ.

– За поддршка на институциите на државата и граѓанското општество, до декември 2016 година Фондацијата наменила 145 милиони долари. И тоа 110 милиони од основачот Џорџ Сорос преку Фондациите Отворено општество и 35 милиони долари обезбедени преку голем број мултлатерални, билатерални и приватни донатори. Дополнително, во првите години од осамостојувањето, за премостувањето на нафтената криза и кризата за обезбедување сточна храна во Македонија, нашиот основач Џорџ Сорос обезбеди 27,5 милиони долари кредити со симболични камати. За да ја означи независноста на државата и да го поттикне меѓународното признавање на Македонија под Уставно име, Сорос ја именуваше канцеларијата во Фонд за Отворено општество Македонија иако беше основана како Фонд за Отворено општество Скопје, рече Инџевска.

Според неа, како претходно, така и сега Фондацијата е посветена на вредностите на отвореното општество и стратешки определена кон унапредувањето на демократијата, отчетноста на властите и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните во Македонија.

– Тоа го реализираме преку поддршка на голем број граѓански организации во соработка со државни и јавни институции и со нашите партнерски организации, а со средствата од нашиот основач Џорџ Сорос преку неговите Фондации Отворено општество и други донатори, вели Инџевска.

Таа додаде дека приближно 800.000 долари или 13% од годишниот буџет на Фондацијата секоја година, по основ на даноци и придонеси кои ФООМ или нејзините грантисти уредно ги плаќаат завршуваат во државната каса.

– И сега, овие тројца кои наводно формираат движење, наместо одговорно и доследно, со консултација на повеќе релевантни извори како што доликува на аналитичари, да ги искажат фактите и формираат кредибилно мислење за кое ќе може евентуално и да се дебатира, како што доликува во демократска средина, во услови на најдлабоката политичка криза и огромната несиугрност кај граѓаните, тие презентираат божемни наоди во кои манипулираат со нецелноси и бесправно добиени податоци. Податоците дополнително комбинирајќи ги по свое наоѓање и само ним познати цели, а охрабрени од нарачателите за кои одработуваат ги презентираат во јавноста како факти и ја оцрнуваат работата на оние со чие мислење токму тие не се согласуваат, нагласува Инџевска.

Таа побара Цветин Чилиманов, Никола Србов и Ненад Мирчевски да се извинат и да ги демантираат божемните докази, според Инџевска е нападнат угледот на ФООМ и истовремено е дезинформирана јавноста.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска