Попладнево во 17 часот средношколците, како што најавија, излегоа на улицата пред МОН за да ја блокираат. Но, возилата и натаму поминуваа, бидејќи полицијата не ја затвори улицата за сообраќај. Автомобилите поминуваа низ насобраните ученици.
Од еден автомобил кој што мораше да застане пред насобраните ученици, нервозен возач излезе од својот автомобил, самиот да се справува со еден родител. Полицијата интервенираше и не дојде до поголема тепачка.
– Ние иако најавивме во полиција дека исто како и вчера, ќе излеземе на собир на улица, од непознати причини, сообраќајот не беше сопрен, рече Александар Милески од Средношколски пленум.
A.Б.