ВИДЕО: Инцидент кај Автомакедонија

Од:

Инцидент се случи денеска пред Автомакедонија. Граѓаните од околните згради се револтирани бидејќи сметаат дека тука нема место за катна гаража.

Инвеститорот „Никофон“ со ланец и со тараби го огради просторот, а на комбе од фирмата постави камера.

turkanicaAvtomakedonija (2)

Граѓаните беа револтирани зошто беа снимани поставена на комбе на „Никофон“ и како што велат камера која ја носеше сопственикот.

Спречен е поголем инцидент. Огорчените жители на околните згради поднесоа претставка до МВР, бидејќи биле спречени во движењето и за неовластено снимање од страна на „Никофон“.

„Газдата на „Никофон“ во 9 и 30 часот заедно со неколку луѓе безобразно заградија дел од паркингот, со што ни оневозможуваат слободно движење и пристап до нашите домови“, велат граѓаните во претставката до МВР.

Поради инцидентот постапувањето беше прекинато. Инаку на 6. март градоначалникот на Општина Центар донесе решение за повторување на постапката по издаденото одобрение за градење на инвеститорот „Никофон“.

Ова е поради поднесениот предлог за повторување на постапката од непосредните соседи.

Извршувањето на одобрението за градење се одложува додека не се одлучи за прашањето за повторување на постапката. Инаку сопственикот на „Никофон“ има добиено правосилно решение за изведување подготвителни работи.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар