ВИДЕО: Илјадници граѓани на плоштад

Од:

Граѓаните продолжија да се движат кон Портата Македонија и стигнаа на плоштадот Македонија.

Барањата на „Протестирам“ пред неколку денови се проширија по поканата до четирите партии на преговори во Виена.

Од движењето веќе се изјаснија дека за нив овие преговори се неприфатливи и бараат итно повлекување одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Бараат итна и неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, да се формира специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите