(ВИДЕО) Илиоски: Власта има намера целосно да го партизира изборот на судии и јавни обвинители

Од:

„СДСМ и Зоран Заев немаат намера да запрат со урнисување на правниот систем во Република Македонија.

Со новиот Предлогзакон за Академија за судии и јавни обвинители, оваа власт има намера целосно да го партизира процесот на избор на судии и јавни обвинители.

Овој предлог на закон предвидуваво органите на Академијата и во комисијата за прием и завршен испит да членува претставник од Министерството за правда, предложен од министерот,кој што директно ќе влијае во процесот на селекција на кандидатите.

Покрај тоа што СДСМ повторно и на овој закон какои на многу други досега, го злоупотребува европското знаменце со цел да ја ограничи расправата и на мала врата да го протне законот, најавуваме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се спротистави на ова несериозно газење на правната држава“, изјави Зоран Илиоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, власта со овој закон предвидува дури 70 од вкупно 100 поени, да се добиваат пред Комисија, по субјективна проценка, во која комисија влијание има министрот за правда.

Ова значи дека власта на овој начин до јуни 2020 годинапланира да избере стотина или повеќе „подобни“ обвинители и судии.

Сметаме дека со овој предлог закон наместо да се подобруваат стандардите и да се подигнуваат на повисоко ниво, власта го девалвира изборот на идни судии и обвинители со што го прави субјективен и да зависи од личности, а не од самиот квалитет на кандидатите. Тоа покажува дека на Зоран Заев и на СДСМ не им е битно Македонија во иднина да има професионални и независни судии и обвинители туку подобни судии и обвинители кои ќе замижуваат пред нивните криминали и афери.

Како пример, субјективизмот во изборот на судии и обвинители е во тоа што наместо познавање на англиски јазик да се докажува со меѓународен сертификат, кандидатите го полагаат по тестови и прашања составени од фирмаизбрана од Генералниот секретар на Владата, во случајов Драги Рашковски, односно Генералниот секретар е надлежен за тендерската постапка на Академијата, а тендерот го има добиено негов куќен пријател, чија што сопруга работи во владата преку авторски договор, што е уште еден случај на директно политичко влијание.

Исто така, наместо да се воведе мерит систем за кандидатите преку рангирање на факултетите според шангајската листа и просекот што го оствариле кандидатите во текот на студирањето, со овој закон секој кандидат за кој што Заев и СДСМ сметаат дека е партиски подобен ќе може да биде судија или обвинител.

Едноставно кажано со новиот Предлог закон за Академија за судии и обвинители полесно ќе биде да се стане судија или обвинител отколку државен службеник.

Ова решение веќе постои во Законот за административни службеници. Замислете мерит системот важи за административни службеници, а нема да важи за Академијата за судии и обвинители. Тотален апсурд.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата смета дека ова законско решение е многу штетно и не го подобрува правниот систем туку дополнително ќе го партизира и уништи.

Во текот на собраниската процедура ќе поднесеме суштински амандмани кои што значително ќе го подобрат текстот на законот и истите ќе допринесат за оваа Академија на судии и обвинители продуцира професионални и пред се независни кадри кои што би требало да го кренат правниот систем и правната држава на здрави нозе“, рече Зоран Илиоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски