(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Од:

Невремето го опустоши струмичкиот регион. Илјадници декари, пластеници и посеви, домови и механизација не само во околината на градот Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево, се уништени. За многу семејства ова не е само временска непогода – ова е уништена година, уништена егзистенција и неизвесна иднина. Земјоделците повторно се оставени сами. Вообичано за ВМРО – локалната власт и ресорниот министер за земјоделство доцнат со реакциите. Допрва ќе прават проценки, вели Тања Илијоска – членка на Извршниот одбор на СДСМ.
.

– Го слушаме денеска министерот за земјоделство, вели ќе ја следел состојбата – земјоделците имаат мака, нема време за чекање, потребна им е итна помош. Оваа Влада покажа дека не и се важни земјоделците. И не е прв пат да ги оставам сами земјоделците кога им е најтешко. Ги оставија без конкретни мерки во сред криза кога цените на репроматеријалите поради растото на цените на горивата, се вивна до плафон. Ги скратија субвенциите за земјоделците, на терен се случува хаос – понижувачки откупни цени и несигурен пласман.

Не ни треба нас невреме – Владата на ВМРО е најсилното невреме за земјоделците – како цунами го уништи цел сектор. Само за потсетување, владите на СДСМ секогаш беа до земјоделците кога им требаше помош. Навремено се реагираше со обештетувања од сите временски непогоди. Во 2018 година беше донесена одлука за дополнителна помош за покривање на загубите предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани. Во 2022 година, Владата на СДСМ ги обештети земјоделците и тоа за претпрени штети од елементарни непогоди настанати во 2016, 2017 и 2018 година. Сега, бараме Владата да одржи вонредна седница и да донесе итна одлука за обештетување и финансиска помош за земјоделците. Исто така, бараме да се подготви долгорочна стратегија за адаптација на земјоделството кон климатските промени. Без земјоделци нема домашно производство, нема иднина за македонското земјоделство, рече Илијоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ