(ВИДЕО) Илиевска – Силјановска: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

Од:

СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков. Прво, својот шофер го унапредил во кабинетски службеник, само за да зема 30% повисока плата. Потоа, вработена од неговиот кабинет ја поставил како претседател на Управен одбор во Опера и балет, што е очигледен конфликт на интереси. Министерот Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања само во второто полугодие од 2024 година, вели Катарина Илиевска – Силјановска, од Комисија за култура на СДСМ.

– Купени се и нови авионски карти за нова тура во Јапонија за септември, каде на државна сметка ќе настапуваат Ана и Игор Дурловски, кои имаат блиски врски со власта. На 19 мај годинава, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја разрешил државната секретарка Марија Ѓорѓова, со единствена цел – да ѝ овозможи унапредување преку интерен оглас на позиција државен советник за европски прашања и креативни индустрии.

Иако официјално разрешена, Ѓоргова продолжи да се претставува како државен секретар. Јавно настапува на настани, отвора изложби, патува на државен трошок: во Ватикан, на Венецијанското биенале, дури и ја примила грчката амбасадорка во својство на државен секретар, позиција од која е службено разрешена, што е своевиден дипломатски скандал. Скандалозно е што по исполнувањето на личните желби, Ѓоргова е повторно вратена на функцијата државен секретар, унапредена и згрижена.

Ова е класично кршење на законите, злоупотреба на институции и директна навреда за сите културни работници во државата! Затоа, СДСМ јавно бара: Институциите да поведат постапки за ревизија и одговорност. Злоупотребите со јавни функции и народни пари да престане веднаш! Ова не е политика во интерес на културата – ова е културна катастрофа. СДСМ нема да молчи. Ќе продолжиме да се бориме за вистински вредности, отчетност и почит кон културните работници и граѓаните – рече Илиевска – Силјановска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Љутков тврди: Не сум попречил остварување на какво било работничко право загарантирано со Уставот и со закон

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ