Пратеникот Самка Ибраимовски му рече на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски дека Ромите се што добиле, било за време на СДСМ. Тој му порача на Манојловски дека за време на ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не бил министер и дека погрешно го информирале, туку бил заменик министер од 2003 до 2006 година.
„Ќе го провериме и твоето богатство господине докторе. Како ти функционира твојата амбуланта во Тетово под друго име и која попладне одиш да ја надгледуваш и ги собираш арачот и парите. Јас како пратеник ќе покренам за твоето богатсво што си го стекнал за година две, а јас 30 години бизнисмен ќе се споредувам со тебе на некоја друга седница“ рече Самка, додавајќи дека граѓаните треба да знаат каков доктор има во Тетово.
Ибраимовски нагласи дека него сите го знаеле во Тетово и дека тој бил Тито за Манојловски.
„Јас сум мисловна именка за тебе и тоа ти добро го знаеш. Јас сум име и презиме во Тетово…. ти како багабонд со војводите, а јас како еден чесен стопанственик, кој доста допринел за оваа држава и доста даноци платил за разлика од тебе што работиш од сите страни и што им земаш арач на болни по 300 по 400 евра. Да знаат граѓаните каков доктор имаме во Тетово. Самка сите го знаат во Тетово. Самка е Тито за тебе тоа да го знаеш“ рече Ибраимовски.
Самка му порача на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, дека неговиот крај ќе бил многу лош и дека тој лично ќе го провери неговото криминално богатство стекнато за време на ВМРО-ДПМНЕ.
