(ВИДЕО) Ибраимовски: Мајонез политика не ни треба!

Од:

Во темнина, зошто во Тризла нема ни една сијалица, пред жителите се обрати претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

На 24. декември не тепаа, нас пратениците, на 31. декември ги тепаа ромите во Прилеп. Не се плашите. Отпорот е вистина, дојдете со нас. Никој не може да го урне единството и соживотот. Нема да дозволиме никој да не дели.Со лага не бива држава. Градоначалникот се што ви вети ве излажа , ни пат, ни струја, ни вода нема за ромите во „Три багреми“, рече Ибраимовски.

Порача сите да мислат со своја глава, и да не гледаат Сител.

Не може пари за мртви луѓе, а живите да умираат. Ни требаат инвестиции а не споменици. Политика на мајонез не ни треба. Мајонезот е вкусен но е лош за здравјето, рече Ибраимовски.

Се обрати и Ерџан Адемоски претседател на локалниот огранок на партија од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда