Денеска во СЈО на распит беше Самка Ибраимовски.
Конкретно, како што рече, разговорите беа за бомбите и ќе продолжи да се докажува вистината за криминалните избори во Шуто Оризари.
„Драго ми е, како што велат Србите- почело је почело. Детали не можам да откријам, но ќе се докаже дека имало криминални избори во Изборната единица 2, каде носител на листа беше тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во 2011 и во 2014.година“, рече по распитот Ибраимовски.