ВИДЕО: И ВМРО-вци во Струмица се кренаа против режимот на Груевски

Од:

Маре Ѓоргиева од Струмица, член на ВМРО ДПМНЕ од 1990 година, вечерва на отворениот граѓански парламент, што се одржа на градскиот плоштад, јавно кажа дека го напуштила ВМРО ДПМНЕ и ги повика и останатите да му се спротивстават на режимот на Груевски.

„Јас бев и во Скопје како Македонка, а не само како што викаат партиски, само од СДСМ. Јас бев една ВМРОВКА со вас. Видов со свои очи кај Велес како нашата, струмичка полиција, како не малтретираше, како го тепаше народот. Е, па да му кажеме на Груевски нека дојде меѓу народот, ако има храброст. Ве молам драги сограѓани ВМРОВЦИ и сите други да се придружиме на протестите и секоја вечер да бидеме побројни. Не се плашете, знам дека има многу што не се задоволни од оваа власт.

– Владее голема сиромаштија. Тепаа во собранието и надвор од него, да ја прашаме Јанкуловска со која полиција, со парите од народот. Како не и срам седнала во клупите и наредува да се тепа по сопствениот македонски народ. Бев во ВМРО ДПМНЕ 22 години, но си ги отворив очите. Отворете ги Македонци и вие. Не плашете се.

– Нашиот градонаначалник Зоран Заев, да не очајува. Струмица е со него! Ние ќе го браниме, не се плашиме да не тепаат, па и да не утепаат. Кога го тепаа нашиот градоначалник плачев за него. Таков човек не сме имале во Струмица. Не прашува на вратата дали се ВМРО ДПМНЕ или си СДСМ. Сите не прима, додека ниту еден градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, иако јас сум прва вмровка во Струмица од 1990 година, не ме примил како него. Му благодарам на Зоран Заев.

– Не се плашете народе македонски, излезете и дигнете го својот глас. Кажете го незадоволството. Таква сиромаштија не се памети. Кога го гледам Груевски насмеан на телевизија, не можам да го гледам. Сите сме дома невработени, а тој вика сите се вработени и убаво живееме.

– Не живееме убаво, тоа да му е јасно. Ако има доблест Силвана Бонева, одамна се знаеме, со таков срам како ќе дојде да бара гласови од сопствениот струмички народ. Народе, бидете храбри и Зоран Заев не очајувај. Секоја вечер ќе сме со тебе и побројни“, рече Маре Ѓоргиева.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов