ВИДЕО: И СДУ се прикллучи кон Сојузот за Иднината

Од:

Јас сум Клаудија Лутовска носител на советничка листа од СДУ. Денес на овој прес, изјавуваме дека со анализите кои ги направивме на терен ја имаме констатацијата дека, меѓу програмите кои што се водат помеѓу двата кандидати за градоначалници, кои водат жестока кампања во Битола, Менде Диневски и Владимир Талески, програмата на Менде Диневски е одлична и може многу да придонесе за градот. Менде Диневски го познаваме како човек кој што во парламентот со многу амандмани придонесе за Битола и за државата, а програмата кога ја погледнавме, носи многу новини, носи економска моќ за граѓанинот во општина Битола, носи корекција или големи придобивки за она што беше направено како пропуст во изминатиот период и ќе биде голем бенефит за градот, рече таа.

Од друга страна морам да кажам за кандидатската листа на СДУ,од денес, ги молам сити симпатизери и членови да не ја земаат во предвид за галасње и сите гласови кои што треба да бидат дадени за СДУ во Битола ќе бидат дадени за Сојузот за иднината и за кандидатот за градоначалник Менде Диневски.

Секојдневно кон Сојузот за иднината се приклучуваат огормен број на граѓани, невладини организации, политички партии. На наше задоволство денес имавме средба со носителот на листата од СДУ Битола Клаудија Лутовска, со која разговаравме, разменивме повеќе информации и ја презентиравме нашата изборна програма. Наше задоволство е што тие ја препознаа вистинската програма, програма која е во интерес на граѓаните на општина Битола и понатаму во наредниот период заедно ќе работиме на остварување на сите предвидени проекти, мерки и решенија кои ќе донесат подобро утре за граѓаните, рече Менде Диневски, кандидат за градоначалник.

Ова, рече, е уште една потврда дека сето она што се говори од страна на нашите политички опоненти, дека Сојузот за иднината се разединува, напротив секојдневно, се повеќе и повеќе се окрупнуваме и дефинитивно власта го губи тлото под нозете. На 24 март граѓаните на општина Битола со ваквиот начин на комуникација, на организирање, на придружување кон Сојузот за иднината, убеден сум дека ќе ја дадат поддршката на носителот на листата Васко Ковачевски и на нашата одлична изборна програма и ќе го заокружат бројот 42 во интерес на сите граѓани на општина Битола, за програма која ќе нуди и која ќе донесе огромен број на решенија за проблемите кои ги имаат истите граѓани.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ