ВИДЕО: Хулиган снимен како го уништува зелениот покрив на ГТЦ

Од:

Хулиган е снимен во вторникот како го уништува почетокот на изградбата на зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје. На снимката која ја објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов се гледа како ги крши и фрла инсталациите на фонтаните, цевките на покривот на ГТЦ.

Шилегов ја објави снимката на својот фејсбук профил со порака:

„Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Град Скопје во февруари годинава почна со изградба на зелиот покрив на ГТЦ и, според најавите, требаше да биде готов во септември. Проектот предвидува да бидат зазеленити 1.800 квадратни метри, односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија. Ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Шилегов пред шест месеци ка промовираше изградбата на зелен покрив на ГТЦ во соработка со УНДП и финансиран од град Скопје кој на повеке од 1,800 квадратни метри треба да бидат засадени повеќегодишни дрва, летна сцена,кафетерија и ке биде право уживање за скопјани.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски