ВИДЕО: Хрватска изгласа истополови бракови, Ѓорчев тврди спротивно

Од:

Иако Хрватска вчера го усвои Законот за животен партнер со личност од исти пол, со кој хомосексуалните парови добија исти права како и хетеросексуалните парови, освен правото за посвојување деца, според пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Владимир Ѓорчев, Хрватска е дел од државите кои во Уставот го имаат дефинирано бракот меѓу маж и жена уште во 2013 – та година преку референдум.

– Многу држави во Европа го имаат дефинирано бракот во Уставот. Во Бугарија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Хрватска и Словачка. Во САД, 35 од вкупно 50 држави го имаат истото направено. Ваквите уставни измени во кој бракот ќе се дефинира како уставна категорија се прави за да не може тоа да се промени со 42 пратеника и да се промени долговековната традиција во Македонија – изјави Ѓорчев.

Пред речиси 9 месеци, токму пратеникот  Ѓорчев беше предлагач на уставните измени за дефинирање на бракот, кои Собранието не го изгласа.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела