ВИДЕО: Хроничниот проблем со пожарите на „Вардариште“ задушува половина Скопје

Од:

Депонијата Вардариште вчера повторно гореше. Пожарот почна попладнето, а беше изгаснат доцна вечерата. Чадот од горењето на депонијата е виддлив, но и се чуствува во неколку населби кои гравитираат околу. Маџари, Ново, Горно, Долно Лисиче, Аеродром се населбите во кои кои жителите чуствуваат смредеа кога гори Вардариште. Така беше и вчера.

– МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се шири остар и неподнослив мирис. Според информациите од скопската противпожарна бригада, пожарникарите предмалку го изгаснале оганот но некаде на средината на депонијата на место кое во моментов е непристапно за нив сеуште има чадење, одговори доцна синоќа директорот на Центарот за справување со кризи, Стојанче Ангелов по бројните реакции и од граѓаните и од медиумите.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола