ВИДЕО: Ховит, Кукан и Вајгел на средба со Заев

Од:

Eвропратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, кои посредуваа и во постигнувањето на договорот во Пржино пристигнаа во седиштето на СДСМ, каде имаат средба со претседателот на партијата Зоран Заев и заменик претседателот Радмила Шеќеринска.

Нивното доаѓање е во пресрет на посетата на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој пристигнува за четири дена.

Тројката од Брисел цел ден има средби со политичките партии за да издејствуваат целосно и навремено почитување на договорот од Пржино, кој не се спроведува со договореното темпо, посебно во делот на ДИК и медиумите.

На средбата се разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинската имплементација.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и дека само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполни сите обврски од Договорот. Продолжуваме со нашата посветеност и очекуваме сите страни да ги исполнат своите обврски како што е предвидено. Политичките партии имаат обврска пред граѓаните да ги исполнат очекувањата за слободни, фер и демократски избори“, рече Заев.

Тој изрази жалење што не се спроведуваат реформи во клучни области, директно поврзани со изборниот и предизборниот процес.

sredba

Регулирањето на состојбата во медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список не се обврски само од Договорот од Пржино. Овие две области, уште пред објавувањето на проектот Вистината за Македонија, сите релевантни меѓународни организации  ги посочија како клучни сфери во коишто мора да се спроведат сериозни реформи за обезбедување на гаранции за фер и демократски избори, рече Заев.

„Слободата на медиумите и слободата на говорот се директно поврзани со демократскиот амбиент во предизборниот период. Прочистен, кредибилен Избирачки список ја враќа довербата кај граѓаните во овој исклучително важен сегмент од изборниот процес којшто треба да гарантира почитување на слободно изразената волја на граѓаните. Впрочем, тоа е и законска обврска“ додаде Заев.

Императив на Договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес. Само целосно исполнување на договореното ќе и даде шанса на иднината на Република Македонија како слободна, демократска и европска држава, заклучи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Европските пратеници при посетата на Скопје, имаат предвидена средба и со специјалната обвинителка Катица Јанева и со претставниците на Државната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ