(ВИДЕО) Холандска амбасадорка: 24 декември беше шок!

Од:

Амбасадорка на Холандија во Македонија, Мариет Схурман, во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека настаните на 24 декември биле шок, дека политичките лидери треба да преземат одговорност за овие настани и дека медиумите треба вистински да се ослободат од партиските притисоци.

– Мислам дека ја смени перцепцијата кај сите нас. Мислам дека настаните на 24 декември дојдоа како шок за сите, за граѓаните во Македонија и за сите пријатели на земјата од надвор. Никој не очекуваше тоа да се случи и тоа не соодветствуваше на имиџот кој го имавме за Македонија, како земја која секогаш успевала да ги надмине внатрешните проблеми преку политички дијалог и компромис. Па затоа мислам дека сите се изненадени и шокирани. Мислам дека беше многу јасно. Разочарувањето и шокот доаѓа од фактот дека пратениците и медиумите беа насилно исфрлени надвор. Останатото кое се однесува на бојкотирањето, развлекувањето на дискусиите, па понекогаш и вербалните кавги е до одреден степен само репер за тоа што се случува во парламентот и е нешто што треба да се контролира со добар менаџмент и да се остави простор за отворена дебата, но отстранувањето со сила на избраните пратеници од парламентот и медиумите директно ги допира основите на демократијата и тоа мора да се поправи – вели Схурман за Радио Слободна Европа.

Таа смета дека овие настани предизвикале огромна штета и таа треба да се среди.

– Прво преку политички дијалог, но можеби поважното е преку обид да се врати довербата на граѓаните во нивниот демократски систем и институции. Дијалог не е да седнете на маса и без да слушате да го повторите она што постојано го кажувате, тоа се нарекува „дијалог на глувите“. Дијалог е активно слушање во обидот да се бара и најде заедничко решение. И токму тоа граѓаните го очекуваат од нивните политички лидери – додава таа.

Схурман смета дека влијанието на пријателите од надвор е преценето во Македонија.

– Очигледно е дека ние сме расположени да помогнеме и да пронајдеме конструктивно решение, но како што реков има многу луѓе во Македонија, граѓаните, креатори на јавното мислење, интелектуалците, луѓето од граѓанското општество кои можат без да имаат некаков личен интерес да предложат добри идеи за надминување на проблемот – вели таа и предупредува дека оваа криза ако продолжи може да влијае врз евроинтегративниот процес, зашто ја допира суштината на демократијата.

-Мислам дека првиот чекор кој треба да го преземе политичкото лидерство во земјава е да ја преземе одговорноста и да го реши проблемот. А, доколку ние како земја членка на ЕУ видиме дека постои искрена политичка волја да се најде решение во корист на македонските граѓани, тоа ќе биде високо оценето. Значи вратата не е затворена, но се зависи од одговорот на властите како ќе се справат со оваа криза – порачува таа.

Амбасадорката Схурман смета дека нема фундаментално поместување во сферата на медиумите. Видовме чекор напред во поглед на декриминализацијата на клеветата и навредата, тоа е првиот чекор. Но контролата на медиумите за политички цели мора да прекине. Слободата на изразување е многу повеќе од слободен печат и медиуми. Медиумите имаат критична улога во комуникацијата меѓу Владата и граѓаните, тие треба да овозможуваат да се слушнат гласовите на граѓаните и да не дозволат тоа да биде контролирано од една или друга партија, а тоа е клучно за една демократија. Слобода на изразување, без слободни медиуми не постои – вели таа во интервјуото за Радио Слобона Европа.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти