ВИДЕО: Густа магла и опасен воздух вечерва во Скопје, Маџир Маало загадено со ПМ10 седум пати над дозволеното

Од:

Речиси сите мерни станици вечерва во Скопје покажуваат дека воздухот е опасно загаден, а попладнево и густа магала го покри градот.

Апликацијата „Мој воздух“, која ги покажува мерењата и на волонтерските и на државните мерни станици, најголемо загадување покажува на мерната станица кај МВР на Водно. Со 229 мерни единици, квалитетот на воздухот е опасен за здравјето на граѓаните.

Повеќе од седум пати над дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички покажува мерната станица во Маџир Маало

Според мерењата од 20 часот, најзагадено со ПМ10 честички било скопско Маџир Маало, каде што нивната концентрација била седум пати над дозволената со измерени 426 микрограми на еден кубен метар. Дозволена вредност на ПМ 10 честички во воздухот е 50 микрограми на еден кубен метар.


Загадување има и во сите останати делови од градот, а државните мерни станици покажуваат загадување и во другите градови.

Само мерните станици во Лазарополе и Гостивар покажуваат ниско загадување со ПМ 10 честички, додека сите останати покажуваат многу високо, високо и средно загадување.

Многу високо и високо загадување покажуваат државните мерни станици и со најситните, ПМ2.5 честички, онаму каде што се мерат.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош