(ВИДЕО) Гуштеров: Власта на чело со Груевски продолжува со своето лудило

Од:

Доколку се пробие пат над улицата „Питу Гули“ на Водно, а кој треба да оди до плацевите со сомнително потекло, ќе се уништат 12.000 метри од зелениот појас, а при тоа може да се наруши тектониката на тлото со што би се предизвикала голема катастрофа, вели бизнисменот Ристо Гуштеров кој денеска заедно со поголем број на граѓани протестираа и го спречија уништувањето на четирите гаражи и изградба на пат низ парк-шумата.

– Како што гледате власта на чело со Груевски продолжува со своето лудило и сакаат да го тераат тој налудничав проект. Ова е последното зеленило што може да се заштити, но кога имате работа со луѓе кои не водат сметка ниту за својата држава ниту за својот народ, и тераат проекти од налудничава природа, не можете да очекувате ништо повеќе. Самата намера дека премиерот ќе ги решава проблемите со дигање на 15-метарски бетонски ѕид, само по себе по мене тоа е најлудничавиот проект. Целиот тој потез на Водно е уништен од нивни компании – смета Гуштеров.

Гуштеров поднел документација до Општина Центар да се поништат плановите за изградба на патот и уништување на зеленилото. Вели дека нема да се изненади доколку полиција и градежни инспектори дојдат на полноќ и ги срамнат гаражите, по примерот на сечењето на паркот спроти хотел „Бристол“.

-Ако се спроведе целото тоа лудило од страна на Груевски и неговата клика, ќе се обезвреднат сите објекти. Нарушувањето на тектониката на тлото на овој појас ќе биде фатална, не само за жителите во овој дел на Водно, туку некоја катастрофа од поголеми размери може да се случи – вели тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно