(ВИДЕО) Гуштеров: Ете тоа е стилот на нашиот диктатор Груевски

Од:

По налог на Управната инспекција денеска се пристапило кон рушење на гаражи во приватна сопственост на Водно преку кои треба да поминува пат до шестте атрактивни парцели во сопственост на фирми и луѓе блиски до вравот на ВМРО-ДПМНЕ. Две од гаражите му припаѓаат на бизнисменот, Ристо Гуштеров, кој вели дека со оваа интервенција ќе се уништат 12.000 хектари од парк шумата.

– Парцелите се формално правно на нивниот фронтален играч Пеце Наумовски на кој во скриена форма му беа дадени за изградба на спортски објекти. Под тој вел протнаа незаконски и против хуманоста на просторот, изградба на објекти со вкупна површина од 23.000 квадратни метри – вели тој.

Парцелите се предвидени за изградба на станбени објекти така што, додава Гуштеров, ќе се уништи мирот и спокојството на просторот, а ќе се намали и вредноста на веќе изградените.

-23.000 м2 по 100м2 за еден апартман, значи ќе се добијат околу 230 апартмани. По тројца во еден апартман, значи околу 600-800 луѓе кои тука треба да се населат. Ете тоа е стилот на нашиот диктатор Груевски – смета тој.

Иако веќе започнале да ги уриваат гаражите, службениците кои дошле на терен по налог на Управната инспекција, се повлекле откако интервенирале од Општина Центар. Тие немале со себе решение отстранување на гаражите и најавиле дека со рушењето ќе продолжат наредните денови.

Според аудио-снимките кои ги објави опозицијата преку проектот „Вистината за Македонија“, ова земјиште е од личен интерес на премиерот, Никола Груевски, како што рекоа од СДСМ.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски