(ВИДЕО) Груевски: Заев се договорил со судијката, него да го ослободат, а мене да ме осудат

Од:

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешното рочиште одби да даде одбрана, а тоа го образложи со ставот оти очигледно е дека нема негова вина за набавката на блиндираниот „мерцедес“, односно, како што рече, по изведувањето на доказите на Обвинителството и на одбраната, произлегува дека не го сторил делото за кое што се товари.

Тој во изјавата дадена пред судот рече дека доколку се оди според правото и законите ова е решен случај кој треба да заврши со ослободителна пресуда.

„Сепак, во јавноста проструеја информации дека постои некаков договор меѓу Заев и судијката Добрила Кацарска со кој било договорено дека таа ќе добие унапредување во Апелациониот суд, а за возврат треба него да го ослободи, а мене да ме прогласи за виновен“, рече Груевски кој додаде дека доколку тие шпекуилации се точни тогаш може се да се очекува.

Инаку, на денешното рочиште, покрај Никола Груевски присуствуваше и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради ризична бременост.

Судењето продолжува на 14 мај кога треба да бидат изнесени завршни зборови на инволвираните во овој судски процес. Откако ќе бидат дадени завршните зборови, ќе остане само судот да ја донесе пресудата.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески