ВИДЕО: На врапчињата трошки ќе им фрлат, нас и трошките ни ги земаа

Од:

Вработените од ЕМО Охрид велат дека протестираат за да го потсетат Никола Груевски дека им ветил дека не го заборава некогашниот гигант.

Ветувањата за решение на проблемот на ЕМО даден од Груевски на митинг во Охрид сеуште одзвонувал во нивните уши.

„Ако мислат со главите ќе не сослушаат и ќе помогнат. Ако мислат само за нив јзк да им е. Што сме ние, стока. На врапчињата трошки ќе им фрлат, нас и трошките ни ги земаа“, рече вработен во ЕМО.

„Ние питачи сме. Се задолжуваме по фамилиите. Ние сме потомците на Александар Македонски и на Никола Карев. Ние сме потомците што останавме без леб. Ние бараме директно премиерот да не прими, тој ни обеќа на митинзи во Охрид-рече ЕМО не го заборавам и пред сите рече ЕМО јас ќе го средам. Премиерот го рече тоа пред овој народ“, изјави вработен во ЕМО Охрид.

„Власта изиграва само инспектор и сите државни фирми ги упропастува. Таа не знае да спроведе технологија нема таа друга визија, таа е само инспектор а да си инспектор многу е лесно и во ништо не помага“, рече вработен во Емо Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите