ВИДЕО: Груевски „уловен“ во шопинг низ Будимпешта

Од:

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога Груевски бил снимен, продавниците веќе биле затворени, а трговскиот центар бил празен, но очигледно е дека тој бил на шопинг со оглед на тоа што со него носи хартиена кеса.

Читателот кој го испратил видеото до порталот „444.hu“ искоментирал дека Груевски смирено се движел низ трговскиот центар, а во негова близина не биле забележани обезбедувачите.

Претходно, Груевски беше фотографиран во познат унгарски ресторан, каде беше во друштво со три лица, од кои, едното е вработено во Царинската управа, а беа објавени и фотографии и како тој вади пари од банкомат во Будимпшета.

Груевски избега од Македонија во Унгарија на 9 ноември минатата година, а потоа доби азил во Унгарија. Експремиерот е осуден на двегодишна казна затвор за случајот „Тенк“.

Граѓаните во Македонија втор месец не знаат како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, лани изјави дека е познато само оти Груевски не избегал легално преку граничните премини и по воздушен пат. Истото го повтори и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Обвинителката Вилма Рускоска во интервју рече дека од досегашниот тек на предистрагата има ненамерни пропусти на институциите за бегството на експремиерот.

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото бегство, рече шефицата на оваа институција, Вилма Рускоска, пред новинарите. Сослушани биле само неговите телохранители.

„Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци”, изјави обвинителката Рускоска.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on