(ВИДЕО) Груевски: Судењето станува фарса, на ништо не личи

Од:

Судот веќе станува фарса и на ништо не личи. Се надевам дека ова што се случи е само за нас, а не секојдневие во македонските судови, изјави експремиерот Никола Груевски по сослушувањето за предметот „ТНТ“, каде што судиите донесоа одлука да не им ги дадат бомбите како доказ на одбраната.

– На минатото рочиште, судиите донесоа задолжување за СЈО да ни ги врачи доказите, за да може да ги анализираме и да се подготвиме. Доказите не ни беа врачени, а денес судиите ја поништија одлуката, односно задолжувањето, без никој да им го бара тоа, барем не јавно. Мојата реакција е дека ова станува фарса и на ништо не личи, рече Груевски.

Тој додаде дека доколку судиите веќе имаат донесено одлука, тогаш да не ги малтретираат и да ја прочитаат пресудата.

– Снимките се незаконски прибавени и во ниту една држава во светот, тие не се употребуваат како доказ. Само тука заради политички притисок и политичка хајка. Тоа се невалидни докази и затоа ние одбивавме да ги слушаме, рече Груевски.

Експремиерот се пожали и на закажувањето на судењата, бидејќи следната недела имал судење секој ден.

– Нас ни закажуваат рочиште на неколку дена, а на Заев за два месеци. Следната недела имам судење секој ден.

Снимките се незаконски прибавени и во ниту една држава во светот, тие не се употребуваат како доказ. Само тука заради политички притисок и политичка хајка. Тоа се невалидни докази и затоа ние одбивавме да ги слушаме.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески