Премиерот Никола Груевски по свеченото отворањето на просториите на фирмата „Икс Трејд“ во центарот на Скопје одлучи да се прошета сам по плоштадот. Се задржа на штандот за книги каде меѓу другите беа изложени книгите „Говорот на телото“, „Че Гевара“, за Тито и „Што сакаше поетот да каже“, автобиографската книга на Бора Ѓорѓевиќ.
Додека ги разгледуваше книгите, луѓето го одминуваа, некои не го забележуваа, а неколкумина сакаа да се поздрават со него или да направат селфи, меѓу кои и директорка на едно училиште, член на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, позната и од спот за партијата.
Премиерот на пристојна далечина, иако изгледаше дека е навидум сам, го следеа најмалку шестмина од неговото обезбедување и еден фоторепортер.
Виктор Јованов