(ВИДЕО) Груевски: СДСМ ја нема поддршката од меѓународната заедница

Од:

СДСМ ја нема поддршката на меѓународната заедница и ниеден од потезите кои ги влечат вклучувајќи го и бојкотот не го одобруваат странците, смета премиерот Никола Груевски.

Тој уште еднаш повтори дека Заев и СДСМ водат деструктивна политика и и прават штета на земјава но и на самите себе.

„СДСМ нема меѓународна поддршка ниту за бојкотот ниту за било што, што е деструктивна политика. И додека ние водиме политика со која сакаме да допринесеме за државата, да се отворат работни места, да се донесат инвеститори, тие се закопани во ровови со деструктивна политика на бојкот, политика на некакви црни сценарија, манипулации и клевети. Тоа не е добро за земјата. Добро е да имаме здрава опозиција која што ќе нуди алтернативни решенија на реална основа добро пресметани за кои ќе може здраво да се дискутира во државава“, рече Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела