(ВИДЕО) Груевски: Само во главата на Бранко има режим

Од:

Премиерот Геруевски пред граѓаните на Гостивар рече дека не постои на светот човек кој може да вети дека ќе ги реши сите проблеми, па така ни тој нема да вети дека ќе им ги реши сите проблеми на луѓето, но Груевски рече дека ќе се потруди да ги реши поголемиот дел од проблемите.

Во програмата на Сашо Аќимски има изградба на нови патишта, мост, прочистителна станица, реконструкција на здравствениот дом, железничка станица, изградба на неколку спортски повеќенаменски игралишта, тениски терен, уредување на коритото на реката Вардар, како и уште многу други проекти, рече премиерот.

Груевски во совето обраќање рече дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое на време излезе со изборна програма, нивниот политички конкуренент СДСМ има само гола реторика.

Само во главата на Бранко Црвенковски има режим. Него не му верува никој, па дури ни неговите сопартијци, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека освен тоа што СДСМ не се занимава со програма и проекти за подобар живот на граѓаните, оти тие пробуваат на секој начин да подбуцнат и да сворат меѓуетнички конфликти, со надеж дека граѓаните ќе се разочараат и ќе посакаат Црвенковски да се врати на власт.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?