(ВИДЕО) Груевски: И Општина Новаци има набавено возило од фирма која не е генерален застапник

Од:

Експремиерот Никола Груевски на една од паузите на денешното судење за предметот „Тенк“, повтори дека судскиот процес за него бил политичка хајка. „Целата држава знае дека станува збор за хајка“, рече Груевски и повтори дека е убеден дека сите процеси на СЈО не би постоеле ако немало политички притисок. Тој изјави дека денеска на предлог на СЈО во судот била изведена е-меил преписка меѓу „Макаутостар“ и „Мерцедес“, со која Обвинителството сака да докаже оти компанијата знаела порано дека ќе излезе тендер, но тоа не било невообичаено, бидејќи како што рече може да се дознае.

Груевски рече дека предложиле доказ, а тоа е известување од Општина Новаци за склучен договор за набавка на возило со фирма за набавка на автомобили, која не е генерален застапник. Tој пред судот рече дека со тој документ се докажува дека немало фаворизирање економски оператор. „Не постои протежирање економски оператор. Секоја фирма за увоз може да увезе возила каде што не се генерален застапник“, рече Груевски. „Доставивме писмо од АвтоМакедонија од кое се гледа дека тие во минатото увезувале возила каде што не се генерални застапници“ појасни Груевски.

Експремиерот рече дека до судот приложиле мислење на вештакот Константин Дуковски од „Форензик Експертс“, со кое, како што рече, се докажува дека копии од прислушуваните разговори не можат да бидат доказ во постапката. На крајот, Груевски рече дека премиерот Зоран Заев дал скандалозна изјава, најавувјќи каква пресуда следува во случајот „Тенк“. „Неговата скандалозна изјава ја зацврстува тезата на медимите дека Заев има договор со судот“, рече Заев.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески