(ВИДЕО) Груевски од Охрид: Успеавме да реализираме дел од ветеното, ќе ги решиме вашите проблеми

Од:

Со извикување „Никола, Никола“ во Охрид беше поздравен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Претседателот на партијата својот говор го започна евоцирајќи спомени од детството споменувајќи дека кога првпат дошол во градот, тој престојувал во Пештани, опишувајќи се себеси како палаво дете.

„Градоначалникот на СДСМ во Охрид направи најголем долг во општината. По четири години може да кажам дека Бакрачески го намали долгот, а со многу работа и труд успеавме да реализираме најголем дел од ветеното“, рече Груевски.

Тој ги спомена реконструкцијата на велосипедските патеки, булеварот Туристичка, пешачката патека во стариот дел на градот, како и на повеќе улици во Охрид. Груевски ги спомена и игралиштата изградени во градот.

„Изградени се плоштади, направена е комплетна атмосферска канализација и изградена е нова фекална и атмосферска канализација. Охрид набави пет комунални возила за потребите на општината. Тука се отворија четири градинки. Заради сето ова, за тоа што задржа чист образ, сакам да му честитам на Никола Бакрачески за сите овие досегашни успеси. Тој нè извести дека поради семејни причини, не сака да влезе како кандидат за градоначалник“, додаде Груевски.

За градски татко на Охрид овој пат кандидат е д-р Митко Тилевски кого Груевски го претстави како чесен и работлив човек, борец за сè што ќе се зафати, подготвен за предизвици и енергија.

„Новата програма за наредните четири години, која сите ќе може да ја прочитате, е веќе подготвена. Таа ќе помогне да се решат многу ваши проблеми. Тилевски знае дека ако ВМРО-ДПМНЕ вети, тоа мора да се исполни. Тој е сериозна личност, кој кога ќе се зафати за некоја работа, тоа и го прави“, вели Груевски претставувајќи го новиот кандидат за градоначалник на Охрид.

„Планираме изградба на нов модерен парк, а предвидуваме и комплетна реконструкција на булеварот Туристичка, каде што ќе има фекална канализација, зеленило, велосипедска и пешачка патика. Ветуваме реконструкција и асфалтирање на улиците Св. Кирил и Методиј, Јордан Мијалков, Стив Наумов, во Пештани, Љубаништа, Косел и на други места. Ќе направиме доизградба на водоводните системи на неколку улици. Ќе извршиме реконструкција на градниките „Росица“ и други две. Во новиот дел на охридската гимназија ќе се направи реконструкција на дворот, а ќе се опреми и со нов мебел. Охрид ќе биде првата општина што од свој буџет ќе изгради социјални станови и ќе ги подари на ранливите категории граѓани“, рече Груевски претставувајќи ја програмата, по што беше поздравен со аплауз од присутните.

Груевски во својот говор го обвини СДСМ дека не ги остварува ветувањата, а ги вдомуваат, како што ги нарече, шарените платеници. Тој додаде дека живот во Македонија во изминатите четири месеци има само за нив.

Нашите опоненти се свесни дека ако не направат некоја далавера, ќе ги изгубат овие избори. Тие ќе ветуваат сè и сешто, ама познати се по тоа дека не исполнуваат. Ако победат, ќе има живот само за нив, но не за Македонија. Економијата оди во надолно ниво. Ветуваа 500 евра просечна плата, а нема. Откако стапнаа во Владата, нов странски инвеститор не стапна во Македонија. Резил и срамота, но и жално е тоа. Нека отидат во „Ван Хул“ за да видат што е фабрика. Нека отидат и во штипската странска инвестиција за да видат што значи да ветиш, работиш и да исполниш ветување. Ќе ве потсетам како во најголемиот ек на политичката криза, која тие ја наметнаа, економијата растеше и истовремено се решаваа проблемите на граѓаните“, додаде Груевски говорејќи за политиките на владејачката СДСМ.

Груевски остатокот од својот говор го посвети на политиките на СДСМ, кој ги обвини за многу хајки и лоши политики.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески