(ВИДЕО) Груевски од Неготино: Народот знае дека нема антички и словенски, туку само Македонци

Од:

Бранко го промовираше слоганот „Иднината сега“, ама младите и повозрасните не ја гледаат иднината со него, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ попладнево пред присутните граѓани на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Неготино, коментирајќи го слоганот на СДСМ за претстојните локални избори.

Која иднина со него може да ја очекува Македонија после криминалните приватизации, после армијата на стечајци, по предавањето на името. Јас разбирам некој да зборува за иднината сега, ама некој со силно минато, а не некој кој ја направил најкриминалната приватизација во Европа, поради која 200.000 луѓе останаа без работа. Има само еден краток одговор, не ја гледам со тебе иднината Бранко, не ја гледам со тебе својата иднина, Бранко ти не си нашата иднина – истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна оти митинзите на кои говори Црвенковски во оваа кампања се како да пушта снимки од 2008 година.

Истите работи кои Бранко ги говореше во минатите години ги говори сега. Зборува за борци, соборци, револуционери, немало демократија, го зборуваше тоа и во 2008-2009 година. Па толку ли не знаеш Бранко дека тоа не ти поминува, смисли нешто ново, народот знае дека нема антички и словенски, туку само Македонци – му порача Груевски на лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618