(ВИДЕО) Груевски: Со новиот распоред на судии се создаде специјален суд кој ни судат на сила

Од:

По завршувањеето на почетокот на главната расправа за случајот „Тенк“ на СЈО, за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра, обвинетиот Никола Груевски во изјава пред новинарите се пожали дека судот се однесува поданички кон СЈО. „Судот продолжи во истиот стил како и досега, односно на сила се однесува кон нас, а поданички кон СЈО. Дури кога протестирав да ми се даде збор, бидејќи тоа претходно во неколку наврати му беше овозможено на СЈО, судијката ми се закани дека ќе ме казни. Имам чувство дека во случајот, СДСМ те тужи, СДСМ те суди“ рече Груевски. За експремиерот, судот кон СЈО се однесува како мајка, а кон нив како маќеа. „Со новиот распоред на судии се создаде специјален суд, кој ни судат на сила. Одлуката како да ја имаат веќе во глава и брзаат да не осудат“ изјави Груевски.

Тој повторно го спомна премиерот Зоран Заев, во предметот „Поткуп“, за кого рече дека им бил омилен на судиите, па токму затоа му закажувале рочиште еднаш на два месеци, а тој морал да оди на судски рочишта секој ден. Груевски пред новинарите ја искоментира одлуката на владата за продажба на мерцедесот.

„Тоа е пародија бидејќи секоја држава има најмалку десет вакви возила, а Македонија само едно, кое штити од мини, од стрелање од снајпер и итн. Сега, Заев решил да го продава и тоа по многу пониска цена покажувајќи се како штедлив. Тој исто така, не сака да се вози во ова возило, иако многу други се утепаа од возење. Нема странска делегација која по смена на власта дошла во Македонија, а да не се возела со мерцедесот“ рече Груевски. Не одговори на прашањето зошто барал да се набават масажери и телевизори во мерцедесот. „Ќе коментирам кога ќе дојде време“, кусо одговори експремиерот. Во месец март за овој предмет судијката Добрила Кацарска закажа 3 рочишта, на кои треба да бидат сослушувани сведоци во доказната постапка.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески