ВИДЕО: Груевски не измами, срам да му е

Од:

Гневот и револтот кај вработените во ЕМО расте. Неисплатените 40 плати, неплатените сметки ја прели чашата на толеранција.

Вработените се изреволтирани од како што велат неисполнетото ветување на премиерот Никола Груевски. Од него во Охрид слушнале дека долгогодишниот нивни проблем ќе го реши за сега да нема кој да ги прими во владата.

Работниците објаснија дека трпението им е при крај и дека веќе никој не може да ги лаже. Бараат владата под итно да изнајде решение.

„Триесет плати немаме земено. Бараме решение од Груевски, го гласавме. Да ни помогне Груевски, ни вети до Св. Никола, Груевски го нема. Бараме прашањето Груевски да ни го реши да ни помогнат. Срам да му е на Груевски, не измами, право да ви кажам-срам да му е. Струјата исклучена ми е, водата исклучена, телефонот исклучен-како се живее. Да го прашаме Груевски како се живее беспари. Значи тој со пари живее. Ако за 186 лица на список Владата не може да го реши тој проблем „нек се удајт“ “, изјави Благоја Николовски, вработен во ЕМО Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски