(ВИДЕО) Груевски: Народот ќе го казни СДСМ за она што му го направи во изминатата година

Од:

Во сиот изминат период оваа и минатата година основна цел на ВМРО-ДПМНЕ беше да се дојде до избори и со тоа да се надмине кризата во Македонија. Минатата година СДСМ направи криза која ја одлагаше колку што можеше. Направивме чекори да не можат повеќе да ги одложуваат изборите, да се соочат со народот, а јас точно знам дека народот ќе го казни сето она што им го направи СДСМ во изминатава година, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по согласноста на четворицата лидери за одржување на избори во декември.

Добро е што денеска ја потпишаа изјавата со која потврдуваат дека ќе излезат на избори во декември, иако секој нивен потпис го ставам со резерва. Сите можни изговори кои ги ставаа на маса беа удоволени, и денеска немаа каде. Ние сакаме да дојдеме до ситуација каде народот ќе го има главниот збор, рече Груевски.

Според наго, народот ќе треба да одбере дали сака политичка опција која што прави кризи, или политичка опција која дава перспектива на луѓето и на државата.

-Во следните сто дена ќе ги слушате СДСМ како ќе победат, ни се закануваат, тоа е редовна реторика на СДСМ пред изборите, тоа сме3 го гледале до сега и ќе го гледаме во следните сто дена. Но народот е зрел да оцени која политичка опција и водство е позрело да ја води Македонија, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески