(ВИДЕО) Груевски му држеше лекции на ректорот Стојковски како на мало дете

Од:

„Мислев дека сте дошле за дебата со аргументи, а вие сакате да ја одложите, ова е несериозно“, вака му се обрати премиерот на ректорот на УКИМ Велимир Стојковски кога тој ги изнесе забелешките на новиот закон за високо образование во име на ректорската управа на УКИМ, денеска на експресно свиканата дебата во Собранието иако законот е пред усвојување.

Ректорот Стојковски рече дека УКИМ не е против промени во насока на подобрување на квалитетот на високото образование, но дека е потребно повеќе време за дебата и промени во законот.

„Простор за импровизации не треба да има, но за тоа, ни треба да имаме една дебата која ќе биде поосежна и потемелна. Верувајте, се’ што ќе се направи во системот на високо образование ќе се врати по неколку години како бумеранг. Нашиот став како универзитетски Сенат и Ректорска управа дека ги поддржуваме сите промени во насока на подобрување на квалитетот на високот образование, но бараме поголем и подолг простор за дебата Ние имаме 130 страници со забелешки и навистина заслужуваат поголемо внимание отколку што сега го добиваат“, рече ректорот Стојковски.

Според премиерот Груевски веќе имало дебата и тоа од октомври – министрите настапувале на телевиизи зборувајќи за законот, а и во владата слушале се’ што се зборувало, сето тоа било дебата.

„Дебата имаме постојано, јавното излегување по медиуми на студенти, професори, министри, заменици министри, ректори и тоа е дебата. Се’ ние слушаме“, рече Груевски кој заборави да каже дека сиот овој период никој од владата не сакаше да разговара со студентите што протестираа, ниту со над 500 професори кои не се согласуваат со ваквиот начин на реформирање на образованието.

Вратите за наводна дебата беа отворени денеска пред ТВ камерите откако законот е веќе на второ читање во Собрание.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи