(ВИДЕО) Груевски: Црвенковски ги загуби сите политички оружја на овие избори

Од:

На вечерашниот митинг во Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски се обрати пред насобраните граѓани.

Во времето на 90-те исто така имаше градоначчалници, политичари, министри, пратеници. Но тогаш беше некако нормално и луѓето веќе се беа навикнале и се беа помириле со судбината политичарите да им ветуваат, а да не остваруваат, рече тој.

Памтиме како Бранко Црвенковски ветуваше дека ќе вработи по еден член од секое семејство. Не вработи по еден човек дури и отпушти по еден од секое семсјтво. Памтиме се што ни ветуваа, дека ќе го уништат октоподот кој што сами го создадоа, памтиме како во тоа време, а не постети неодамна и Магаш, криминалецот кој што не потсети како во тоа време со Бранко и со Фрчковски правеле шверц на нафта и ги делеле парите во кафаната Идадија. Памтиме како во тоа време беше јавна тајна како се крши ембаргото од ОН кон Југославија за дебели профити на луѓе тука во земјата. Памтиме и како се направи приватизацијата во која што за симболични суми се распределија највредните фабрики во Македонија на нивните директори блиски до СДСМ, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме