(ВИДЕО) Груевски: Битката ќе ја водиме и на улиците

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, побара ослободување на приведените за насилствата во собранието на 27 април и итно запирање на процесот против нив. Според него, станува збор за политички прогон и пресметка со луѓе кои се бореле за татковината. Тој најави дека ќе се приклучи на протестот пред кривичниот суд.

– На слобода се пуштаат убијци и криминалци, како Красниќи и Бајруш… За што треба да одговараат еден оперски пејач, доктор, актер…за тероризам? Тие се спротивставија на Тиранската платформа. Влезот на граѓаните во собранието беше реакција на обидот насилно да го изберат Талат Џафери за претседател на собранието. На крајот, ударот е и врз пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која сакаат да ја елиминираат за да може во собрание да помине сè што сака хунтата на Заев, рече Груевски.

Груевски на денешната прес-конференција најави дека ќе ја продолжат битката, како што рече, против хунтата и против прогонот на сите неистомисленици со власта.

– Правдата е на наша страна. Ова е борба на народот против хунтата на власт. Ние ќе бидеме на чело на таа светла битка. Таа битка ќе биде тешка, долга, но таа битка ќе се добие. Мора да резултира со победа и ќе резултира со победа. Ние ќе бидеме на браникот на татковината да ги браниме слободата и слободната мисла на народот. Секаде со народот, тоа е нашата максима и ќе ја оствариме. На улиците по домовите и секаде, порача Груевски.

По прес конференцијата, Груевски замина на протестот прес Кривичниот суд, а протестот можете да го гледате во живо на А1он.

Би можело да ве интересира

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

ВИДЕО: Власта и опозицијата се раскараа за екстрадицијата на Груевски на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски