(ВИДЕО) Груби: Ветингот на ДУИ нема врска со метлата на Заев

Од:

Ветингот што ДУИ го предлага, нема врска со метлата на Заев, тврди пратеникот од ДУИ Артан Груби. Според него партијата планира да има двоен ветинг, во партија о во институции.

Ветингот во партиските редови, со што нема автоматски да се станува член на ДУИ со поднесување пријава за членство, туку ќе се прави проверка и ако има спорно нешто кај личноста ќе се одбие. Тоа е прв степен на ветинг објаснува Груби, а вториот е институционалниот.

Планираат со законско решние да се формира регулаторно тело, слично на Комисијата за лустрација, кое ќе ги проверува сите предложени или сите кои сакаат да вршат јавна функција. -Било да е пратеник, министер , директор или било кој, треба да биде проверен пред да се именува. Да се гарантира дека човекот кој ќе го изгласаме во Собранието е кристално чиста личност без дамка во кариерат, рече Груби.

Груби немаше прецизен одговор дали законот ќе важи ретроактивно и дали ќе биде опфатен и тој самиот.

Г.Н.Р

Би можело да ве интересира

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда