(ВИДЕО) Груби: СДСМ да не се надева дека преку Али Ахмети ќе дојде на власт

Од:

Пратеникот Артан Груби од редовите на ДУИ кој воедно е шеф на кабинет на Али Ахмети, на раководството на СДСМ им порача дека на наредни избори граѓаните ќе ги казнат за политиката кои ја водат.

На опозицијата и порача ако нема идеја да учи од постапките на ДУИ кога во 2006-та како победници не станале дел од власта, битката ја воделе од собраниските клупи.

Колегите пратеници од СДСМ ги повика да се вратат во собранието а периодот до кога треба претседателот Трајко Вељаноски да закаже пленарна седница да го искористат да ги согледаат штетите кои можат да настанат од нивните политики.

Груби во својот говор како член на комисијата за мандатно имунитетни прашања побара од СДСМ да не создава меѓуетнички тензии.

„Од 2002-ра година па се до денес и едната и другата македонска партија се обидуваат да дојдат на власт преку Али Ахмети и ДУИ. Ова го гледаме и од 2008-ма како стратегија на македонската опозиција ни на луѓе блиски до опозицијата. Навистина е за жалење сиот напор на индиректен начин да се дојде до власта. На власт се доаѓа само со конкурентска понуда. Не може да се дојде на власт со поттикнување и вжештување на меѓуетничките односи и со удари врз парламентарното мнозинство за да се дојде до вашата зацртана цел. На власт се доаѓа само преку искрен однос со граѓаните но не и преку Али Ахмети и ДУИ“, рече Артан Груби.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он