Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ организираше перформанс кај градскиот парк во Скопје како најфреквентно место во недела со цел до жителите да стигне сознанието колку е важно сите да излезат на изборите.
Активистите пристигнаа и излегоа од шарениот камион на граѓанската акција „Ние одлучуваме“ и низ перформанс и музика кај фонтана, пред паркот го упатуваа апелот граѓаните масовно да излезат на претстојните избори, да гласаат по сопствено убедување и волја и да пријават каква било злоупотреба на институциите, како закани, заплашувања и притисоци врз избирачите.
Активистите на граѓаните им делеа бесплатен примерок од граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“, а автобусот потоа се упати низ улиците на Скопје.
Кампањата „Ние одлучуваме“, има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Активистите вклучени во акцијата ќе ги регистрираат сите злоупотребите на јавните ресурси и на институциите за изборни цели, злоупотребите на буџетот.